Во градот Кастанаро во провинцијата Верона на северот на Италија, фармерот Дарио Гамбарин со својот трактор и плуг на нива го нацрта портретот на рускиот претседател Владимир Путин. Повод за ова е претстојниот самит на Г-20, соопштува италијанската агенција АНСА, пренесува RT.
Покрај портретот на рускиот лидер, неговото име и напишано и на кирилица.
„Поводот за ова дело е самитот на светските моќници кој се очекува на 7 и 8 јули во Хамбург. И сите ние се надеваме дека овој состанок ќе придонесе за решавање на актуелните меѓународни проблеми во сферата на економијата и имиграцијата“, објасни Гамбарин.
Портретот на Владимир Путин зазема површина од 25 илјади квадратни метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче