Британската глумица и сценарист Карла Мари Свит на Твитер се пожали дека нема „обоени“ (PoC, people of color), односно црнци, во новата телевизиска серија на каналот Ејџ-Би-Оу „Чернобил“ за која сега многу се дискутира на Интернет.
Твитот многу ги расположи руските корисници на социјалните мрежи. Луѓето се обидоа да ја уверат Карла дека во советската провинција било тешко да се најдат луѓе со обоена кожа кои би воделе сметка за нуклеарната електрана.
Но, украинскиот сајт theBabel сепак пронајде црнец кој навистина учествувал во отстранувањето на последиците од чернобилската катастрофа.
Се вика Игор Хирјак. На сајтот се наведува дека Игор во 1985 година на 18-годишма возраст заминал во Киев на редовно служење на воениот рок. Бил распореден во понтонската бригада. Неговата единица добила наредба да помогне во отстранувањето на последиците на чернобилската катастрофа.
Војниците во 1986 година подигнале понтонски мост преку реката Припјат за жителите од градот да можат да се евакуираат.
Страницата на Игор на руската социјална мрежа „ВКонтакте“ содржи голем број фотографии од времето на неговиот престој во Чернобил. Тој овие фотографии ги поставил во 2016 година по повод 30-годишнината од трагедијата. Постои дури и скенирана благодарница што ја потпишал командантот на бригадата. Таа на Игор му била доделена за беспрекорно служење на татковината.
Сепак, некои коментатори на Интернет ја намалуваат автентичноста на споменатиот документ, додека други не веруваат дека тоа се фотографии кои навистина биле направени во Чернобил (на некои се гледаат плочи со натписи од Припјат и Чернобил, но без Игор – тој се гледа само на заедничките фотографии со останатите војници). Многумина, пак, препознаваат мостови и други локации во Чернобил и веруваат дека фотографиите се автентични.
Игор сега живее во Русија, во северозападниот град Черповец, во Вологодската област. За жал, тој не ги користи социјалните мрежи често. Дури сега му претстои да одговори на многу прашања на новинарите (па, и на нашите). Не е познато нити дали тој ја гледал на телевизија серијата и што мисли за неа. И знае ли воопшто дека одеднаш станал позната и барана личност?
Прочитајте исто така Не ми се верува: Мајка ми била на одмор во Чернобил три месеци по хаваријата!!!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче