Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов му подари на рускиот премиер Дмитриј Медведев кученце на средноазиски овчар алабај.
Медведев е од вчера во посета на Туркменистан каде што денес се одржува седница на Советот на премиери на Заедницата на независни држави.
Гурбангули Бедимухамедов лично го повози Медведев во стара „Волга“, ГАЗ-21.
И рускиот претседател Владимир Путин пред две години доби на подарок средноазиски овчар по името Верни од својот туркменистански колега.
А Медведев уште во 2008 година, кога беше претседател на Русија, доби од туркменистанскиот лидер алабај по името Акбаш. Потоа во неговиот дом се појавија и други кучиња: три англиски сетери и еден златен ретривер.
Путин, освен алабајот Верни, ги има и бугарскиот овчар Бафи, женката од расата акита-ину Јуме, и шарпланинецот Паша.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче