Од менијата на руската војска укинати месните конзерви

Global Look Press

Месните и конзервите месо со зеленчук кои беа заштитен знак на армиската кујна се исклучени од оброците на руските војници, изјави за руските медиуми заменик-министерот за одбрана Дмитриј Булгаков кој раководи со системот за материјално-техничко снабдување на вооружените сили (МТО).

Укинувањето на споменатите производи од менито тој го објасни со тоа дека едноставно се здодевни и дека останале само во „цивилниот живот“.

„Еве, да кажеме, јас сакам хељда, но по три дена таа некому му станува здодевна. Тоа може да се каже за која било храна, како за компирот, така и за школките“, вели тој, додавајќи дека школките се храна што брзо се расипува и дека не се дел од стандардното следување.

Заменик-министерот за одбрана нагласи дека целата војска не се храни исто, и дека оброците се различни во однос на нејзините видови, и физичките напори на припадниците на вооружените сили, како и дека секој ден се различни. Со тоа што енергетската вредност на основниот оброк на рускиот војник изнесува 4.200 калории дневно, што е многу. 

Булгаков уште укажа на постоењето на повеќе од три илјади мензи и бродски кујни, од кои 887 се организирани според принципот „шведска маса“, а во 730 храната се добива според системот за контролиран пристап. А, тоа значи дека оној што е регистриран во системот само го доближува палецот до скенерот и добива појадок, ручек или вечера.

Прочитајте уште: Како се храни моќната руска армија: Десет јадења од воената кујна

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња