Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова соопшти дека постои златно правило со помош на кое лесно можете да го пронајдете шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на големите меѓународни настани, кога салите се преполни со министри од различни земји, нивни делегации и новинари.
На својот фејсбук-профил Захарова напиша дека во петокот во Хелсинки е отворено заседанието на Комитетот на министри на Советот на Европа во јубилејната година на оваа организација, кога се одбележува нејзината 70-годишнина.
„Салата е преполна со министри за надворешни работи, нивни делегации, новинари. Ако на ваков голем настан треба да пронајдете на која маса седи Сергеј Лавров, постои едно златно правило: само побарајте го местото каде што се собрале новинарите и нема да згрешите“, советува Захарова.
„Денес новинарите немаа среќа да добијат од него некоја бравурозна изјава, затоа што тој не ги ни забележуваше“, додава таа.
Во текот на заседанието на Комитетот на министри шефот на германската дипломатија Хајко Мас изјави дека Русија треба да остане членка на Советот на Европа со сите права и обврски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче