„Нашиот модел Олга Попова го освои првото место на Серускиот натпревар во убавина за омажени жени и ја освои титулата „Мисис Кристална круна на Русија“. Сега ќе ја претставува нашата земја во следната европска фаза на натпреварувањето“, соопшти Владимир Паршин, директор на школата за убавина „Мис Мариј Ел“.
32-годишната Олга е мајка на две деца и управител на продавница за облека. Веќе неколку години сакала да учествува на ова натпреварување, но немала доволно самодоверба.
„Олгиниот 13-годишен син посетува часови во нашата школа за деца-манекени. Долго ѝ сугерирав на Олга и таа да стане модел, но таа одбиваше бидејќи немаше доволно самодоверба. Дури во август минатата година се согласи да се натпреварува. Многу работевме на нејзината подготовка - кореографијата, дефилето, народниот танц и носијата. И победи“, вели Паршин.
Доделувањето на наградите се одржа на Црвениот плоштад.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче