Сите претходни години претседателот на Русија учествуваше во акцијата на Црвениот плоштад, затоа основано може да се претпостави дека ќе го стори тоа и годинава, рече Песков.
Бесмртниот полк е акција во која учесниците во маршот, потомци на борците кои во Големата Татковинска војна ја бранеа земјата, во чест и знак на благодарност на своите славни предци ги носат нивните портрети. Акцијата која се одржува во Русија и бројни други земји во светот првпат беше организирана 2007 година во рускиот град Тјумен, кога се шеташе под слоганот „Парада на победниците“. Во 2013 година акцијата се прошири на 120 руски градови. Година дена подоцна жители на петстотини градови во седум земји во светот излегоа на улиците со портрети на своите родници, учесници во Втората светска војна на страната на антихитлеровската коалиција. Акцијата во 2015 година официјално стана серуска.
Претседателот на Русија досега ја нема пропуштено оваа манифестација, кога во Бесмртниот полк го носеше портретот на својот татко Владимир Спиридонович Путин кого Германците тешко го раниле во војната.
На Парадата на Победата минатата година учествуваа 13 илјади војници, 159 единици современо вооружување и воена техника, како и 75 авиони и хеликоптери. По завршувањето на Парадата Владимир Путин лично ги поздрави воените старешини и ветерани и им го честиташе Денот на Победата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче