„Бесмртниот полк“ стигна до Алјаска

Санк Петербург, 2018.

Санк Петербург, 2018.

Global Look Press
Акцијата „Бесмртниот полк“ годинава првпат ќе биде организирана во американскиот град Енкориџ (Алјаска).

На петти мај во овој град на Алјаска педесетина учесници во акцијата ќе носат од централниот плоштад до воениот споменик фотографии од своите роднини кои учествувале во Големата Татковинска војна.

„За жал, во градот нема советски ветерани кои би можеле да земат учество во свечената прошетка“, изјави координаторот на акцијата Генадиј Поликахин. Тој истакна дека претходните години жителите на Енкориџ на кои рускиот им е мајчин јазик го одбележувале 9 мај така што полагале цвеќе пред споменикот на паднатите во Втората светска војна и пееле руски песни. Првпат акцијата „Бесмртниот полк“ во САД беше организирана 2015 година во Њујорк, Сан Франциско и Атланта.

Минатата година во оваа акција во САД зедоа учество околу 8000 луѓе.

Прочитајте повеќе: ФОТО: Акцијата „Бесмртниот полк“ ја опфати целата планета

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња