Жичарницата од Русија до Кина ќе почне да превезува патници на почетокот на 2021 година

Сликата е симболична

Сликата е симболична

Global Look Press

Капацитетот на жичарницата ќе биде околу 2,5 милиони луѓе годишно.

Властите на Амурската област на Русија очекуваат дека прекуграничната жичарница преку реката Амур меѓу рускиот Благовешченск и кинескиот град Хејхе ќе почне со работа во првото тромесечје 2021 година. Ова во вторникот го соопшти првиот заменик-министер за економски развој и надворешни врски на Амурската област Екатерина Киреева на состанокот со учесниците во експертската информативна екскурзија организирана од компанијата  „РЖД Тур” во рамките на манифестациите на Заемната година на Русија и Кина.

„Пред нас е специфичен проект: изградба на жичарница преку реката Амур. Тоа е првиот проект за ваков прекуграничен премин во Русија и во светот. Во тек е проектирањето, очекуваме дека е жичарница по неколку години ќе профункционира”,  рече Киреева. „Засега е тоа, според процената на инвеститорите, првото тромесечје 2021 година“ прецизираше таа во разговорот со дописникот на ТАСС. Капацитетот на жичарницата ќе биде околу 2,5 милиони луѓе годишно. Дневно со жичарницата преку Амур ќе можат да поминат 5-6 илјади луѓе.

Претходно беше соопштено дека нов инвеститор во проектот за изградба на прекуграничната жичарница преку Амур меѓу Благовешченск и градот Хејхе ќе вложи 2,2 милијарди рубли (околу 30,2 милиони евра). Договорот за изградба на жичарницата меѓу двете земји беше потпишан 2012 година. Се очекува дека жичарницата долга околу еден километар ќе им овозможи на руските и странските туристи максимална удобност при преминувањето на границата. Времетраењето на возењето нема да биде подолго од три минути. Изградбата ќе почне 2019 година.

Погледнете го видеото: Русија и Кина споени со железнички мост преку Амур

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња