ВИДЕО: Русија и Кина споени со железнички мост преку Амур

Global Look Press
Градителите ги споија рускиот и кинескиот дел со железнички мост преку реката Амур, пренесува агенцијата ТАСС, повикувајќи се на соопштение на Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ).

„Градителите ги споија рускиот и кинескиот дел од мостот со монтирање лачна конструкција долга 130 метри и тешка над илјада тони“, се вели во соопштението на РФПИ.

Планирано е до крајот на 2019 година да се комплетира изградбата на првиот железнички мост преку реката Амур на границата помеѓу Руската Федерација и Кина. Завршен потез е монтажата на железничката пруга, како и завршување на работата на дополнителната сообраќајна инфраструктура.

Изградбата на мостот преку Амур започна кон крајот на 2016 година.

Вкупната вредност на проектот изнесува 18.8 милијарди рубли, од кои 25% финансира Фондот за развој на рускиот Далечен исток и Бајкалскиот регион, а 75% Рускиот фонд за директни инвестиции преку руско-кинескиот фонд (CIC). Мостот ќе ја спои Еврејската автономна област со кинеската провинција Хејлунгџанг.

Планирано е преку мостот да се превезува железна руда, јаглен, минерално ѓубриво, дрвена граѓа и друго.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња