Зошто Путин го нарече својот преведувач по шведски „бандит“?

Reuters

На Арктичкиот форум се случи необична ситуација. Шведскиот преведувач, брзајќи да си го заземе работното место, за малку ќе пропуштеше да се поздрави со претседателот на Русија Владимир Путин, но сепак ја поправи својата грешка.

На билатералниот состанок на Путин со премиерот на Шведска Стефан Левен преведувачот се поздрави со сите членови на руската делегација, но помина покрај рускиот лидер кој му подаде рака за да се ракува. Момент подоцна преведувачот го забележа својот пропуст и сепак се ракуваше со рускиот претседател, предизвикувајќи смеа кај присутните.

Снимката од инцидентот е објавена на „Твитер“-профилот на новинарот на Кремљ Дмитриј Смирнов.

Путин подоцна го критикуваше својот преведувач. Рускиот претседател изјави дека Русија добила 5 милијарди инвестиции од „шведските пријатели“, а преведувачот наместо тоа рече „партнери“.

„Реков „пријатели“, а тој преведува „партнери“! Бандит!“, коментираше Путин.

Прочитајте повеќе: Путин се пошегува по повод финските туристи во Санкт Петербург: „Добро е, мезат“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња