Конор Мекгрегор го потсетија дека го „претепа Русин“, а тој започна тепачка

JOEL MARKLUND, via www.imago-ima/Global Look Press
Ирецот очигледно не сака да се потсетува на за него кобната вечер во Лас Вегас.

Познатиот ирски поранешен ММА-борец Конор Мекгрегор, а сега производител на виски, се најде во центарот на нов скандал. Сѐ уште не слегна прашината околу неговото препукување со Хабиб Нурмагомедов на „Твитер“, кога за сопругата на рускиот борец рече дека е „крпа“, бидејќи на свадбата не ѝ се гледало лицето под бурката, а Мекрегор го привлече вниманието со нов инцидент. Тој, имено, учествувал во тепачка во паб и притоа удрил друг гостин на локалот 

До тепачката дошло во саботата, 6 април, во пабот MarbleArch во Даблин. Полицијата за „Ајриш Мирор“ потврди дека истрагата е во тек, но дека засега никој не е уапсен.

Човекот кој наводно бил удрен од Мекгрегор рече дека со ММА-борецот имал вербален дуел, по што избила тепачка.

„Мекгрегор се појави во пабот, на еден човек тоа не му се допадна и се впушти со него во разговор“, рече еден од очевидците. 

Друг сведок изјави дека човекот му пришол на борецот и му рекол: „Русинот едноставно те претепа!“ Тоа очигледно се однесувало на поразот од Нурмагомедов во октомври минатата година. На Мекгрегор не му се допаднало и дошло до тепачка.

Прочитајте повеќе: „Само еден може да биде крал во џунглата“: Хабиб реагира на одлуката на Мекгрегор да ја напушти ММА

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња