Истражување на јавното мислење: Само четвртина од православните Руси пости

AP

Според резултатите од истражувањето на јавното мислење 32 отсто испитаници се подготвени за време на постот да се откажат од пушењето, 39 од грдите зборови, а 38 од лоши мисли.

Секој четврти Русин од православна вероисповед се придржува на некој начин до постот, се наведува на сајтот на Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ).

Великите пости се најдолгите во црковниот календар и најстрогите во поглед на ограничувањата. Почнаа на 11 март и ќе траат педесет дена – до 28 април. За време на постот апсолутно се забранети месо, млеко, јајца, сирење, павлака, животински масти, колачи и печиво, а делумно растително масло и риба. Без оглед на строгите правила, многумина верници себеси си прогледуваат низ прсти на гастрономски план.

Секој четврти испитаник православен верник (25 отсто) се придржува до постот на одреден начин, па тако 14 отсто пости само за време на Великите пости, додека 2 отсто строго ги почитува сите пости, а 9 отсто се придржува до постот во поголемиот дел од пропишаните во црковниот календар случаи, но не до сите. Околу 75% испитаници не пости, се вели во резултатите од истражувањето.

Како што се наведува, културата на почитување на постот е значително подобрена од 2015 година. Така, сега 54 отсто учесници во истражувањето изјавиле дека не пијат во тие денови. Интересно е дека во 2015 година само 20 отсто рекле дека во текот на постите се воздржуваат од консумирање алкохол. Мрсна храна заобиколуваат 52 отсто, а месо 47. Според резултатите од истражувањето на ВЦИОМ, за време на постот нема да пушат 32 отсто, грди зборови нема да употребуваат 39, додека од лоши мисли ќе се чуваат 38 отсто.

Инаку, најприсутен обичај кај Русите е вапцањето јајца за Велигден  (60%), а од 2015 година тој показател порасна за 17 отсто. Истражувањето кое опфати 1600 испитаници беше спроведено на 7 март оваа година, телефонски, меѓу население постаро од 18 години.

Прочитајте повеќе: Менито во кантините во Кремљ прилагодено на Великите пости

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња