Вонредна состојба во руски град откако поларни мечки „влегоа во куќи и ги бркаа луѓето“

Вера Костамо/Sputnik
И тоа конечно се случува ... Планетата на мечките. Жителите на рускиот арктички град Белушја Губа се затворени во своите домови откако цела орда поларни мечки продолжува да се спушта на нив, досега се забележани 52.

Воспоставена е вонредна состојба, со тоа што луѓето „се плашат да излезат надвор“ и „секојдневниот живот е во криза“, според заменик-шефот на локалната администрација, Александар Минаев, чии зборови ги пренесува „Сибир тајмс“. Ова особено се однесува на децата, училишта и градинките се празни оваа недела. Дури и тоа не може да обезбеди сигурност. Има извештаи за мечки кои скитаат во станбени згради.

Фотографиите и видеата на инвазијата на мечките го преплавија рускиот Интернет: мечките го преплавуваат градот како да е нивен личен фрижидер.

„Јас сум во Нова Земја од 1983 година, но никогаш не сум видел толку голема инвазија на поларни мечки“, изјави за „Сибир тајмс“ шефот на локалната администрација Нова Земја, Зиганша Мусин. Тој додаде дека животните „буквално бркаат луѓе“.

Инвазијата трае од декември 2018 година, велат властите.

Но, што да направите ако не можете да се одбраните? Руската служба за заштита на природата негираше барања за убивање на мечките, бидејќи поларната мечка е загрозен вид. Но, сигналите, подигнувањето огради, дури и пукањето во воздух, не успеаја да ги спречат.

Според властите, тим на експерти е на пат кон Белушаја Губа, кој се наоѓа на архипелагот Нова Земја, со население од околу 1.970 жители. Мнозинството се луѓе кои на некој начин се поврзани со работа на нуклеарните тестирања кои се извршуваат на архипелагот.

Ваквите инциденти стануваат сè почести, бидејќи поларните мечки со топењето на арктичкиот мраз се принудени да одат во населените области за да бараат извори на храна.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња