На социјалните мрежи се појави снимка со камила која извлекува од снег заглавена „Лада Нива“.
Како што сведочат очевидците, инцидентот се случил на 5 февруари во околината на Саратов во близина на паркот „Кумисна полјана”.
Возачот на автомобилот ги преценил теренските можности на своето возило и заглавил во длабокиот снег.
Помошта неочекувано стигнала во вид на двогрба камила која, инаку, не е вообичаена појава во Саратов. Камилата без мака го извлече автомобилот со мотор од 83 коњски сили.
Подоцна се покажа дека камилата му припаѓа на еден локален жител. Инаку, таа зиме во санка ги влече децата кои доаѓаат да се прошетаат во паркот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче