Пресметка на железни грдосии: Камера во Москва забележа борба на трактори (ВИДЕО)

Во руската престолнина покриена со снег камерата забележа многу необично однесување на три трактора. Дали навистина се бореа, само тераа шега или еден од нив се заглавил во снегот, па му требаше помош? Погледнете ја снимката и проценете сами!

На снимката се гледа како син трактор го турка својот неподвижен колега со помош на лажицата прицврстена на шасијата. Се обидува да му пријде од неколку правци, но без резултат. Одненадеж се појавува поголем жолт трактор со сирена на покривот. Тој ја користи својата сила за да го поттурне заглавеното возило и го исфрлува од кадарот.

Овој редок призор предизвика жестока расправа на интернет, додека корисниците на руската социјална мрежа „ВКонтакте“ се обидуваа да одгатнат што всушност се случува.

„Се борат за територија“, претпоставува еден од корисниците на интернет. Друг се прашува кој ќе ја плати поправката после таа битка, додавајќи дека возачите требало да излезат од возилата и со тупаници да си ги решат проблемите.

„Престанете да се карате и почнете да го чистите снегот!“, напиша друг корисник. 

Некои корисници на интернетот забележаа многу сличности меѓу оваа снимка и филмската франшиза „Трансформери“: „Изгледа дека Оптимус Прајм и Бамблби не се веќе она што некогаш беа“, со тага констатира еден корисник.

„Ова е „Анимал Планет“, каде тракторите можете да ги видите во нивното природно опкружување”, коментира друг.

Се разбира, постои и порационална објаснување кое го наведоа многумина корисници, истакнувајќи дека еден трактор едноставно заглавил во снегот, додека останатите се обидуваат да му помогнат.

Погледнете како исчезнуваат автомобили во снег за помалку од 10 минути

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња