„Роскосмос“ и РАН сметаат дека е неопходно да се разработи стратегија за правно обезбедување на интересите на Руската Федерација поради можен територијален спор и им советуваат на водечките универзитети да почнат да го подготвуваат потребниот број стручњаци од областа вселенско право, стои во заедничкиот документ.
Поранешниот директор на Институтот за космички технологии на РУДН Генадиј Рајкунов изјави за медиумите дека таквите стручњаци се потребни бидејќи последниве години странски компании покажуваат желба за присвојување на териториите на природниот сателит на Земјата и неговите корисни руди.
„Трговците во Америка и други држави веќе се обидуваа и се обидуваат да продаваат плацови на Месечината. Од правен аспект е важно да се даде одговор на тие претензии. Второ, актуелно е прашањето за користењето на корисните руди на Месечината и се јавува прашањето кому му припаѓаат. Односно, многу нешта не се регулирани на државно ниво“, вели Рајкунов.
Шефот на научно-техничкиот совет на „Роскосмос“ Јуриј Коптев изјави дека неговиот ресор кон крајот на првото тромесечје на оваа година ќе ѝ го претстави на владата образложението за дополнително финансирање на програмата за истражување и освојување на Месечината.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче