Песков објасни зошто Путин не може да има паметен телефон

Global Look Press

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков раскажа зошто Путин не може да има смартфон.

Користењето на таков уред подразбира апсолутна транспарентност, така што шефот на руската држава не може да го има поради безбедносни причини, објасни тој во интервјуто за весникот „Аргументи и факти“.

„Одлично! А како порано се можеше без мобилен телефон. Всушност, шефот на државата не може да има смартфон, затоа што тоа би значело согласност за целосна транспарентност“, одговори Песков на прашањето на новинарот како Владимир Путин функционира без таков телефон.

Песков исто така рече дека Путин доаѓа до информации од весници и списанија, како и од интернет. И дека не му е потребен „Твитер“ за да биде поблиску до обичните луѓе.

„Во Кремљ и Ново Огарјево претседателот ги има на маса речиси сите весници и списанија. Многу нешта прочитува. Чита и во авион, бидејќи тоа е фактички неговиот втор дом. На интернет самиот гледа вести“, рече Песков.

Исто така прес-службата на претседателот секојдневно му подготвува разни информативно-аналитички материјали. За шефот на државата се прави избор од телевизиски вести, дајџест верзии, кои тој ги гледа кога има време, понекогаш додека се вози со автомобил, или во авион, а понекогаш и ноќе, дома, рече Песков.

Портпаролот на рускиот претседател зборуваше и за личниот однос спрема социјалните мрежи. Како што се покажа, никогаш не користи „Фејсбук“, како ни руската мрежа „Одноклассники“, а нема поим, како што истакнува, ни како изгледа „ВКонтакте“ (рускиот „Фејсбук“). Напоменува дека нема никаква потреба од тоа и не сака да се присилува. Верува дека корисниците на социјалните мрежи ги изложуваат на ризик личните податоци. Притоа мисли, меѓу другото, на љубителите на „Инстаграм“, чии услови за користење речиси никој не ги чита. „Инстаграм“ го нарекува генијален изум, укажувајќи на неговата незаштитеност, бидејќи претставниците  на компанијата можат да затворат профил во секој момент, наведувајќи ја за пример страницата на Рамзан Кадиров која беше блокирана без какво било објаснување.

Прочитајте повеќе: Портпаролот на рускиот претседател објасни како Путин ја прима пензијата

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња