Германците раскажаа зошто не ги сакаат руските туристи

Сергеј Бобилев/TASS

Германските туристи признаа дека најмногу не ги сакаат руските и британските туристи, објави весникот „Ди Велт“, повикувајќи се на анкетата на германската онлајн-платформа ab-in-den-urlaub.

Според мислењето на Германците, руските туристи се премногу гласни (таков став изнесоа 60% испитаници), премногу пијат (56%), невоспитани се (50%), груби (38%) и многу сакаат да прават селфи (24%) Што се однесува до забелешките спрема Англичаните, Германците пред сѐ се жалат на нивната наклонетост кон алкохолот, како и на тоа дека ги „освојуваат“ лежалките на плажа, пренесува RT.

Исто така се наведува дека меѓу 12 националности на кои се однесува анкетата првото место го заземаат Русите.

„Ако ги погледнете емисиите кои се прикажуваат на германските канали во вечерните часови, таму обично е претставена ваквата Русија: мафија, убиства. И затоа луѓето имаат таква слика“, изјави за порталот „Взгљад” германскиот политиколог Александар Рар, коментирајќи ги резултатите од анкетата.

Тој смета дека во Германија постои амбивалентен однос спрема руските туристи. Од една страна, сопствениците на хотели и ресторани, келнерите и другите услужни дејности заработуваат на руските туристи повеќе пари отколку од останатите, истакнува Рар. Но, кај набљудувачите во истите тие ресторани и хотели Русите со својата дарежливост предизвикуваат завист. „Денес тоа повеќе не иритира толку како пред петнаесет години, кога Русите сакаа да покажат дека дошле во Европа со пари и го покажуваа тоа, што на Запад предизвикуваше пламена завист”, објаснува експертот.

„Од 60-те до 80-те немаше руски туристи, а првите Руси кои почнаа да доаѓаат во 90-те беа сиромашни”, вели германскиот политиколог. Според него, со првите руски туристи Германците сочувствувале: „тие доаѓаа на Запад без пари и предизвикуваа само сожалување”.

„По 2000-та сите тие Русија одненадеж станаа најбогатите туристи, доаѓаа масовно, отседнуваа во најдобрите хотели и се расфрлаа со пари“, вели Рар. И денес „многу Руси во странство и понатаму сакаат да се расфрлуваат со пари“, продолжува тој.

Оваа промена на имиџот на рускиот турист предизвика бурна реакција. „Сите велат дека тоа се украдени пари. Дека се валкани пари, корупција и така натаму, тој имиџ се вкорени“, вели Рар. Така на почетокот на новиот век дојде до промена во односот спрема Русите, додава тој.

„Спасот е сепак во тоа што постои руска култура, концерти, и што Русите се познати како културни луѓе”, заклучува Рар.

Прочитајте повеќе: Зошто руските туристи ги бие лош глас во странство?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња