Како живее руско село од триста луѓе опкружено со волци

Global Look Press
Во Русија денес има премногу волци, а штетата која тие ја прават ја чини државата милијарди рубли. Ова е приказна за едно село во кое живеат триста луѓе, опкружено со овие грабливци.

Во руските шуми веќе при крајот на 2017 година живееја двојно повеќе волци отколку што шумата може да прехрани, што претставува сериозна закана за целокупниот екосистем. Бројот на волци исто така се одразува и на земјоделието, на кое секоја година му недостига стока и за животот на обичните луѓе. Тоа не е проблем само во селата и малите населби – волците сѐ почесто доаѓаат дури и во големите и добро осветлени градови. Новинарка на порталот mail.ru посети мало село во централниот дел на Архангелската област, каде волците шетаат по улиците без осветление.  

За да стигнете до селото Липаково, морате со воз да дојдете до станицата Плесецка, многу близу до космодромот Плесецк, од кој ракетите лансираат во орбитата нови сателити. Липаково е од космодромот оддалечено само педесетина километри, меѓутоа, вселенската технологија воопшто не влијаеше на животот на жителите на селото.  

Дотука нема директен превоз, постои само минибус, таканаречената маршрутка која поминува во близина на селото, па морате да замолите да ви запре на местото на кое би сакале да излезете, а потоа да се качите на траектот кој вози преку Онешкото езеро, а кој е оддалечен околу еден километар од патот. Траектот работи на езерска струја, тука нема електрична енергија. Ја нема ни на улица, по пет часот навечер овде можете да го видете само она што ќе ви го осветли батериската ламба.

„Шарик лае во мракот пред да го затворат ноќе во куќичката за кучиња. Кучето што живееше овде пред Шарик го изедоа среде бел ден за време на лов“, раскажуваат локалните жители.

„Дали ги видовте улиците на Липаково во пет часот навечер?“

„Секогаш си помислувам: ќе излезе волк, ќе ме види и ќе каже: „Колку месо! Зошто да ловам мртво куче, подобро да ја зграбам оваа овде!“

Во советско време овде постоеше фабрика за дрвна индустрија, околу која никнаа три села со неколку илјади жители и работници, претпријатие за обработка на дрво, многу врева и светло. Денес овде главно останаа само постари луѓе кои немаат каде да одат во потрага по работа, па си имаат свои фарми или работат нешто отстрана, на пример во локалниот клуб или како пожарникари, на местата на кои ја поминаа младоста.

Производството од деведесеттите години постепено се намалувало, за да фабриката за дрвна индустрија до 2000 година биде дефинитивно затворена, а луѓето се разбегале. Во потрага по работа заминале речиси сите млади луѓе кои се преселиле во градовите, добиле работа или се запишале на факултет, а овде останале главно пензионери кои тешко би можеле да започнат нов живот на ново место. Во селото денес постојано живеат околу 300 жители, многу е тивко, на улиците нема светло, а волците повеќе не се плашат да дојдат на куќите. Домашните животни ноќе ги заклучуваат, а навечер сите се трудат да не излегуваат од куќите. Прошетката од куќа до куќа во Липаково ноќе се сведува на мала трага од батериската ламба и помислата на волкот кој би можел да се најде покрај таа трага. 

Евгенија и нејзиното семејство живеат на крајот на селото, во последната куќа, односно во близина на шумата.

„Валја вели: „Ма одиме да ти купиме сигнален пиштол!“ А јас одговарам: „А зошто? Кому ќе му сигнализирам нешто? На Галина Ивановна?“

„Волк може да зграби куче и на светлото од фенерот. Меѓутоа, со фенерите беше полесно: барем гледавте каде нишаните! А кога ноќе ќе истрчате со пиштол и батериска ламба, не е јасно во што пукате“.  

За да го спаси својот чувар Акбај, Татјана во ноќница трчала по волк низ полето во шумата.

Минатата недела волк се доближил до куќата на Светлана и Александра и го нападнал соседското куче. Тие ги чуваат своите кучиња во железен кафез.

„Волкот обично нема никаков страв. Седи на крстосницата како куче и гледа кој ќе помине. Без светло не можете да видете дали можеби седи токму до вас!“ 

„Младите лете одат по волчицата, а таа во октомври ги учи да ловат. На кучиња, се разбира.“

„Кучето на Алексеј го задавија овде на тремот, не стигнал да го убие. Наредното утро ги пронајде само главата и ременот“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња