Прес-секретарот на рускиот претседател Песков објасни зошто Путин нема мобилен телефон

Михаил Климентјев/Sputnik

Прес-секретарот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Владимир Путин нема мобилен телефон. Тој ги добива информациите на различни начини, вклучувајќи го и интернетот, објасни Песков.

„Имаме фасцикли со печатени материјали, избор од печатот, избор од телевизиската програма. Најразлични работи“, рече Песков во интервјуто за телевизискиот канал „Русија 24”, одговарајќи на прашањето како Путин ги добива информациите.

„Претседателот може и самиот на компјутер да побара информации”, додаде тој.

Но, според него, Путин нема личен мобилен телефон. „Колку што знам, тој нема мобилен“, рече Песков. Тој исто така соопшти дека во Кремљ и понатаму се користи затворена телефонска линија. „Старите добри телефони на затворената владина линија ќе ги надживеат сите мобилни“, рече прес-секретарот.

„Не заборавајте дека поседувањето смартфон е некој вид доброволен егзибиционизам. Тоа е целосна транспарентност и вие свесно, земајќи го смартфонот в рака, велите: „подготвени сум да изложам сѐ пред сите“, објасни Песков. „Тоа не треба да биде случај со претседател на земја како што е Русија, со претседател како што е Путин”, додаде Песков. 

Прочитајте повеќе: Путин признава дека не користи смартфон

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња