Некои руски таксисти се толку оригинални што станаа ТВ-ѕвезди

Пивко TV
Двајца алтруисти и еден алчен...

1. Свири укулеле, зашто душата му плаче

Замислете си дека стоите во сообраќајната гужва во Санкт Петербург и одненадеж слушате хавајски мелодии. Немојте премногу да се изненадите. Тоа е само таксистот Руслан Габдулин (22), кој решил да ви го направи животот помалку суморен и, доколку е можно, да ви ги ублажи грижите барем во текот на возењето.

„Според моите забележувања, околу 50-60% патници влегуваат во таксито со тажен израз на лицето. Зошто да не ги развеселам“, логично размислува Габдулин.

Вистина, малку се плашел на почетокот на својот експеримент од зголемување на бројот на среќни луѓе во градот: никогаш не знаеш како ќе реагираат патниците, особено оние кои доцнат. Но, се покажало дека загриженоста била без причина. „Не се сеќавам некој да реагирал негативно, речиси секогаш ме наградуваат барем со насмевка“, вели Руслан.

2. Се опкружил со гаџети, затоа што ги сака парите

Овој изненадувачки снаодлив барнаулск таксист се појави на телевизија кога еден шокиран клиент објави снимка од возењето: возачот буквално се затрупал со гаџети за да ги фати сите можни повици. 

Таксистот во текот на возењето признал дека дневно заработува не помалку од 10 илјади рубли, според моменталниот курс 130 евра, што е отприлика трипати повеќе од просечната заработка на еден таксист во Москва, а да не зборуваме за Барнаул. Вистина, по стекнатата популарност на интернет сообраќајната полиција стави точка на овој начин на работење.

3. Дава попуст за читањето книги, затоа што „луѓето едноставно мораат повеќе да читаат“

За московскиот таксист Савелиј исто така се дозна откако еден патник раскажа дека му бил понуден попуст од 100 рубли ако за време на возењето чита книга место да зјапа во смартфонот. Такси-библиотеката го нудела следниов избор: Хемингвеј, Бунин, Гогољ или Бабељ. 

„Сакам луѓето да читаат. Ги гледам само како седат и не го тргаат погледот од телефонот и социјалните мрежи“, се жали овој таксист.

Меѓутоа, неговата понуда не им се допаднала на сите. На некои може и да им се слоши од читањето во автомобил, на некои не им се допаѓа изборот на книги. Но, нема да му забележиме на Савелиј, кој барем се обидува да промени нешто во високотехнолошкиот живот на современиот хомо сапиенс.

Прочитајте повеќе: Московски таксист осум часа чека муштерија и еве каква награда добива...

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња