На московски таксист кој осум часа помина чекајќи муштерика за да ѝ го врати паричникот што го заборавила во возилото му е понуден бесплатен автомобил. Ова за агенцијата „Лента.ру” го соопшти претставник на такси-сервисот „Ситимобил”.
Компанијата исто така му вети дека првите месец дена нема да му зема провизија доколку се согласи да му се приклучи на такси-сервисот „Ситимобил”. Агенцијата, имено, смета дека постапката на возачот по име Кајрат е благородна и се импресионирани од неговиот однос спрема муштериите.
Овој настан на својот профил на „Фејсбук“ во средата, 14 ноември, го опиша самата корисничка на таксито. Таа пристигнала во Москва во 05 часот утрото и си отишла дома со такси. Спиела до 13 часот, кога се разбудила и открила дека ѝ го снемало паричникот. Не успеала да воспостави контакт со такси-станицата и да дојде до телефонскиот број на возачот, но тогаш нејзиниот татко низ прозорецот го здогледал таксистот.
Возачот кој го пронајде изгубениот паричник исто така се обидувал да најде контакт со девојката, но не успеал во тоа. Тогаш отишол пред нејзината зграда и ја чекал. Кога се сретнале, обајцата се расплакале. Девојката го наградила таксистот со сума пет пати поголема од цената на возењето.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче