Како живее мачорот кој Путин им го подари на Јапонците: Стана „огромен“ и научи јапонски

AFP/East News
Јапонски губернатор станува во шест наутро за да го нахрани миленикот.

Шефот на администрацијата на јапонската префектура Акита Норихиса Сатаке „реферираше“ за здравјето на мачорот Мир кој го доби на подарок од претседателот на Русија Владимир Путин. Тој истакна дека Мир се чувствува одлично и дека сега е веќе „огромен“. Рускиот мачор има осум килограми и разбира јапонски. Сатаке инаку има уште шест мачки и сите одлично се согласуваат со подарениот мачор.

Губернаторот уште и рече дека неговите деца од милост му го додаваат на името на мачорот суфиксот -бо, така што го викаат Миру-бо. Мачорот навикна да се одѕива на тоа име. Инаку Мир, кој одлично се адаптираше на новата средина, веќе во шест наутро бара да јаде, така што влече со шепата за рамо и мјаука, вели губернаторот. Пред шест месеци Сатаке изјави дека мачорот добива „карактеристични јапонски црти на лицето“.

Сатаке, кој според сопственото признание се приврзал за мачорот Мир, изнесе и некои занимливости поврзани за кучињата од расата акитa-ину, од кои едно му беше подарено на Путин. Според него, кога руската олимписка шампионка Алина Загитова доби како подарок од Јапонците пес од оваа раса, тој стана вистински хит, не само во сите региони во Русија, туку и во целиот свет. Префектурата Акита тогаш го зазеде второто место по зачестеноста на пребарување на интернет, веднаш по Токио.

Јапонската префектура подари уште еден пес од оваа раса на Руско-јапонското друштво за пријателство. Претходно, во знак на благодарност за помошта која Русија пред шест години ѝ ја укажа на Јапонија во санирањето на последиците од земјотресот и цунамито во Фукушима, Сатаке му подари на Путин кученце од расата акита-ину по име Јума што во превод значи фантазија. Путин му врати на јапонскиот губернатор со тоа што му подари сибирска мачка.

Прочитајте повеќе: Путин го претстави својот пес

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња