Каква воена техника може да се најде во слободна продажба во Русија? (ФОТО)

Т-72

Т-72

Олга Соколова/Global Look Press
На Интернет можат да се најдат понуди за купување на расходувани товарни возила, теренци, па и тешки гасеничари. Секако, без топови и борбени компоненти.

АТС-59

Тоа е среден артилериски теглач кој е одличен за луѓето ангажирани на работи кои се поврзани со градежништво или за колекционерите на екстравагантни возила од целиот свет. Идеален е за работа на далечниот север поради својата издржливост и проодност – не може да заглави во мочуришта или во длабок снег.

На неговата товарна платформа може да се стави товар со маса од три тони. Освен тоа, може да се закачи приколка со носивост од 14 тони.

На рускојазичниот Интернет овој воен трактор од 1989 година може да се набави по цена од 12 до 13 илјади американски долари.

Теренец ДТ-30 „Витјаз“

Ова возило е составено од две „алки“. Велиме „алки“ зашто целата конструкција изгледа како шлепер со вагони и гасеници со кои се управува од предната кабина на возачот. На овој ѕвер може вкупно да се стави 30 тони товар, и тоа благодарение на моторот од 7—коњски сили.

Возилото има бројни модификации, вклучувајќи и хидраулична кошница за копање.

Цената на еден „Витјаз“, чие производство започна во 2006 година, на Интернет достигнува до 35 илјади американски долари.

ПТС-М

Ова е пловечко транспортно возило за совладување водни препреки со товар од пет тони. Најважна одлика на возилото е тоа што има одлична проодност и што е сигурно, а покрај тоа поседува и одлично греење во кабината и во трупот.

Моментално ова парче техника го користат спасувачите, особено за време на поплави и на врнежи од снег. Но, со него безбедно можат да се достават и градежни материјали до тешкодостапни места со пробивање низ густа вегетација.

Ова чудовиште од 20 метри од 1990 година би ве чинело 28 илјади американски долари.

Тенкови Т-34 и Т-27

На руските сајтови можете да купите и тенк Т-34 од Втората светска војна со кој советската Црвена армија стасала до Берлин. Цената на еден ваков „реквизит“ се движи од 200.000 американски долари и нагоре.

За оние што не ги привлекува ретростилот, тука се руските тенкови од најновата генерација – без разлика дали станува збор за Т-72 или за турбопогонскиот Т-80 од 1.000 коњски сили, благодарение на кои може да развие брзина до 70 километри на час на груб терен. Нивната цена се 22 и 37 милиони рубли, односно 350 и 500 илјади американски долари.

Треба да се потсети дека ова не е некој економичен градски автомобил кој троши седум-осум литри бензин на сто километри. Тенкот Т-72 троши до 450 литри дизел на сто километри кога се движи по груб терен. Ако сакате свој тенк, би требало да размислите и за набавка на сопствена бензинска станица.

Но, нема да можете да пукате на своите соседи доколку прават бучава. Сите борбени модели и системи се отстранети од тенковите, па дури и ако сте извонреден инженер нема да можете повторно да „залепите“ топ.

Дознајте Каде и како да купите тенк во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња