На 25.11.2018. година во 07.10 ч. и покрај издаденото предупредување за затворање на реонот на територијалните води на Руската Федерација низ преминот во Керченскиот теснец, од акваторијата на Црното море пристигна група бродови од составот на украинската воена морнарица (арт. окл. чамец „Бердјанск“, арт. окл. чамец „Никопол“ и тегначот „Јани Капу“). Оваа група бродови на географските координати Ш=44° 52', 7 СШ, Д=36° 33', 3 ја повреди државната граница на Руската Федерација надвор од назначените патишта за пловидба и влезе во подрачјето кое е привремено затворено за пловидба, со што се прекршени Конвенцијата на ОН од 1982 година, Законот на Руската Федерација донесен на 1 април 1993 година под реден број № 4730-I „За Државната граница на Руската Федерација“, Федералниот закон од 31 јули 1998 година под реден број № 155-ФЗ „За внатрешните морски води, територијалното море и пристапната зона на Руската Федерација“.
По нарушувањето на државната граница на Руската Федерација, бродовите на украинската воена морнарица продолжија со своето движење низ Керченскиот канал каде ја прекршија процедурата што ја донесе Министерството за сообраќај на Руската Федерација од 21 октомври 2015 година, реден број № 313.
При спроведувањето на бродовите на украинската воена морнарица, повеќе пати преку радио-комуникација им е пренесено дека со своето движење грубо ја прекршиле Конвенцијата на ОН за поморско право од 1982 година и дека согласно тоа веднаш да ги напуштат територијалните води на Руската Федерација.
На овие предупредувачки пораки, бродовите на украинската воена морнарица реагираа така што со своите екипажи преминаа во состојба на борбена готовност: ги симнаа цирадите од своите топови, ги поставија нивните цевки под агол од 45 степени и ги насочија кон бродовите и чамците на Руската Федерација кои ги следеа. На овој начин украинските бродови дополнително го прекршија членот 18 на Конвенцијата на ОН за поморско право и Федералниот закон на Руската Федерација донесен 1998 година „За внатрешните морски води, територијалното море и пристапната зона на Руската Федерација“. За сето тоа украинските бродови уште еднаш уредно се известени преку радиоврска, по што согласно нормите на меѓународното поморско право и законите на Руската Федерација е изведена акција која ги неутрализираше противниците.
Што сѐ е заробено од вооружување
Притоа на заробените бродови на украинската воена морнарица е пронајдено следново вооружување и муниција:
Напомена: На секој од оклопните артилериски чамци се наоѓаше комплет кој се состоеше од еден топ со кал. 30 мм, еден автоматски фрлач на гранати АГС-17 и два митралези со кал. 7,62 мм.
При инспекцијата на заробените украински воени бродови, на оклопниот артилериски чамец „Никопол“ е пронајден документ во вид на наредба со наслов: „Контролна листа на готовност на артилерискиот оклопен чамец „Никопол“ за излегување на море во периодот од 09 ч. на 23.11.2013. до 18 ч. на 25.11.2018“ во која на група бродови ѝ е доделена задача од градот Одеса до градот Бердјанск да се движат во тнр. „прикриен поредок“, со посебен фокус „на обезбедување на услови за прикриен пристап до Керченскиот теснец и минување низ него“.
Покрај тоа, на истиот чамец е пронајден рачно напишано резиме на правила донесени од страна на Руската Федерација, а се однесуваат на пловидба низ Керченскиот теснец, од што произлегува непобитниот факт дека украинските морнари совршено знаеле каде одат и каква процедура морале да испочитуваат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче