ФСБ официјално потврди: Руските специјални единици запленија три украински воени брода

alamy

Центарот на ФСБ потврди дека неговите единици успеале да ги запленат трите украински воени брода кои ја повредија руската граница.   

Во руски раце се наоѓаат артилериските чамци „Бердјанск“ и „Никопољ“ и реморкерот „Јани Капу“. Овие бродови извршија кривични дело повреда на државната граница, пренесува РИА „Новости“.

Операцијата беше изведена во неделата, 25 ноември, околу 19.00 часот по локално време, кога украинските бродови се обидоа повторно да ги повредат руските територијални води. Тие притоа не реагираа на предупредувањата од страна на пограничните органи на ФСБ и бродовите на Црноморската флота, туку почнаа да изведуваат опасни движења-маневри, загрозувајќи ја безбедноста на руските бродови.

Заради расчистување на оваа ситуација беа употребени руските специјални единици кои многу брзо ги вратија работите во нормален  тек. Во текот на операцијата, ранети се тројца украински морнари и веднаш им е укажана медицинска помош. Никој не е во животна опасност.

Од ФСБ напоменуваат дека на украинските морнари „им се познати правилата и постапките за поминување на воени бродови низ руските територијални води“ кога е во прашање Керченскиот теснец. Тие досега никогаш немале какви било проблеми кога тие процедури биле почитувани.

Погледнете го видеото од инцидентот во Керченскиот теснец

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња