Џеф Монсон: Не ја одбрав јас Русија, туку таа мене

Андреј Никеричев/Moskva Agency

Повеќекратниот светски првак во џиуџицу и боречката вештина наречена греплинг, ММА борецот Џеф Монсон изјави дека тој не ја избрал Русија, туку таа него.

„Зошто Русија, ме прашуваат пријателите. Имам чувство дека не ја избрав јас Русија, туку Русија ме избра мене. Русите се чудесни луѓе, многу дарежливи. Вчера се шетав во парк, се смрзнав и некој господин ми ги понуди своите ракавици. Не ни знаеше кој сум“, им раскажа Монсон на новинарите на форумот Synergy Global 2018. 

Тој исто така се сети на случајот кога пред борбата во Пенза им призна на новинарите дека е тажен бидејќи мајка му боледува од рак.

„Денот по борбата шетав низ градот и ми пријде постар човек и ми подари икона која самиот ја насликал. Ми рече дека не ја познава мајка ми, но дека задолжително да ѝ ја предадам иконата и да ѝ кажам дека е од Русија и дека е подарена од срце“, рече Монсон, додавајќи дека потоа од сѐ срце ја засакал Русија.

Џеф Монсон на Денот на Русија доби руски пасош. Тој исто така изрази желба да стане пратеник на собранието на Красногорск (покрај Москва) и се откажа од американското државјанство.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња