Руската и индиската војска здружено увежбуваат „пламен здив“

Legion Media

Руските и индиските војници на здружената вежба „Индра-2018“ заедно имаат утринска гимнастика на која активно применуваат и елементи на јога, се наведува во соопштението на Источниот воен округ на Вооружените сили на Руската Федерација.

„Во рамките на меѓународната руско-индиска воена вежба „Индра-2018“, инструкторите за физичка обука на индиските вооружени сили ги учат припадниците на зајакнатиот механизиран пешадиски баталјон на комбинираните сили на Источниот воен округ како активно да применуваат елементи на древната индиска гимнастика, односно јогата, со цел дополнителен развој на менталните и физиолошките функции на организмот“, се прецизира во соопштението.

Се додава дека на стадионот на полигонот „Бабина“ на кој се одвива вежбата, војските на двете земји, меѓу другото, ги учат и основите на јогата. По загревањето обично се изведуваат и неколку пранајами, што во превод од санскрит значи „пламен здив“. „Експертите наведуваат дека овие вежби за дишење го стабилизираат крвниот притисок, ги зголемуваат издржливоста и кондицијата и ја засилуваат концентрацијата“, наведуваат од Источниот воен округ.

Покрај тоа, во текот на утринските вежби, војниците имаат и џогинг и вежби за зголемување на силата и агилноста.

Прочитајте повеќе: Министерството за одбрана на Русија се „вооружува“ со јога

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња