ВИДЕО: Погледнете што заробија синоќа руските специјални единици од Украинците

Reuters
На интернет се појавија фотографии од запленетите украински бродови. Тие сега се наоѓаат на док во Керч.

Како што е познато, во провокацијата во Азовското море украинската страна употреби три пловила. Основната ударна сила во оваа авантура требаше да ја претставуваат два оклопни чамци од класата 58155 „Гјурза-М“ од украинско производство. Овие поморски средства се оклопни и нивната заштита може да запре проектили истрелани од стрелечко оружје со калибар 7,62 мм, како и да задржи поситни фрагменти на гранати.

Нивниот депласман изнесува 50 тони. Во однос на својата големина, овие бродови се прилично вооружени. Во нивното вооружување има топ со калибар 30 мм, тежок митралез со калибар 14,5 мм, како и митралези со калибар 7,62 мм. Покрај тоа, застапени е еден до два автоматски фрлачи на гранати со калибар 30 мм, како и наведувано ракетно оружје, какво што претставува системот „Барјер“ со дострел до 5000 метри. Тоа е во суштина противоклопно оружје кое може да се примени и во борба против помали објекти на вода. За заштита од напади од воздух оклопниот ракетен чамец „Гјурза-М“ во своето вооружување може да има и преносни ракетни лансери од типот на „Игла“.

Го движи двотактен дизел-мотор кој генерира сила од 2000 коњи. Максималната брзина е ограничена на 28 јазли. Овие оклопни чамци се способни да бидат на отворено море до 5 дена. Екипажот го сочинуваат пет луѓе. Украинската армија досега располагаше со шест вакви пловила – „Акерман“, „Бердјанск“, „Вишгород“, „Кременчуг“, „Лубни“ и „Никопољ“ („Бердјанск“ и „Никопољ“ се запленети од руските специјални единици).

Во инцидентот учествуваше уште еден брод – реморкерот „Јани Капу“ (поранешен „Красноперекопск“) чиј депласман достигнува 300 тони. Неговата максимална брзина е само 11 јазли, при што може да помине растојание од 1650 милји. Екипажот е составен од шест луѓе.

Прочитајте повеќе: ФСБ официјално потврди: Руските специјални единици запленија три украински воени брода

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња