Како што пишува магаданското издание „Без формат“, патникот бил учесник во експедицијата „Се качив и отпатував за Магадан“ (Магадан е град што се наоѓа на Далечниот Исток на Руската Федерација. Директното растојание од Санкт Петербург до Магадан е 10673 км. Оптимално се патува со автомобил 192 часа 51 минути).
„Главен мотив за ова патување беше не само желбата да уживам во убавината на природата, туку и да ги запечатам најсилните и најживи катчиња на северниот крај со камера, за во иднина да измонтирам документарен филм и на тој начин да ги споделам неверојатните, уникатни пејзажи, туку и да го развијам домашниот туризам“, пишува весникот, пренесува РТ на руски.
Експедицијата стартувала од Петербург на 27 јуни, а завршила во Магадан на 2 август. Патниците поминале 12,5 илјади километри.
Покрај тоа, според информациите на изданието, патникот воспоставил светски рекорд во далечина за патување со овој вид транспорт.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче