Како студентка од Сибир се претвори во Ријана и во Фифти Сент (фотографии)

Алиса Дронова
Дваесетгодишната Алиса од Сибир времето меѓу предавањата го поминува претворајќи се во Крис Браун, Ријана, Жан Рено и други славни личности.

1. Ова е Фифти Сент. Чекај малку. Всушност, ова е Алиса Дронова, дваесетгодишна студентка од сибирскиот град Омск. Алиса на локалниот универзитет студира англиски и француски, и, како и многу девојки, ужива во пробувањето различни изгледи. Посетете го Инстраграмот на оваа девојка, нејзините „мејковери“ сигурно ќе ве изненадат.

2. Таа може да биде Фифти Сент, Снуп Дог, Жан Рено, како и хероините на Марвел Мистик и Гамора.

3. „Првиот мејковер го направив во 2015 година. За забава. Ми беше здодевно и сакав да направам нешто интересно“, вели Алиса.

4. Оттогаш има пробано многу трансформации. За таа цел користи секојдневна козметика, бои и восок. Има научено различни техники на шминкање, а интерпретацијата на ликовите ја осмислува сама.

5. „Обично за создавање на нова личност е потребно околу час, час и половина“, вели Алиса. „Само ја нанесувам шминката, правам фотографии и видео и потоа се бришам. Тешко во вакво издание да излезам да прошетам низ Омск.

6. Нејзин омилен лик е Крис Браун. „Многу ми се допаѓа, и тој и неговиот стил и музиката, затоа е најлесно да се претворам токму во него“.

7. Најтежок ѝ бил Жан Рено. „Имаме сосема поинакви очи, нос и брада. Всушност, за мене е вистински предизвик да се претворам во личност со широки црти на лицето, но, мислам дека имам направено прилично добра работа“.

8. Алиса често прави видеоснимки во кои ги глуми своите ликови и вели дека тогаш нејзините креации често повеќе личат на вистинските луѓе одошто на фотографиите, а тоа е веројатно зашто е полесно да се копираат ситни карактеристики на лицето и гестови во движењето.

9. Алиса не сака да стане популарна, ниту се обидува да привлече голем број следбеници, но се радува кога луѓето ја коментираат нејзината работа, потврдувајќи дека многу личи на своите прототипи.

10. Покрај тоа што студира на Омскиот универзитет, Алиса исто така сака музика (изведува музика од различни жанрови, вклучително и рап), но и редактира и монтира видеоснимки. Тоа го има научено со помош на Јутјуб-туторијалите.

Прочитајте повеќе: Поубава од оригиналот: Млада Русинка преправена во познати хероини од филмови и серии

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе
Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња