Најчесто се бришат пеперугите, делфините, хиероглифите и затворските симболи. Извор: PhotoXpress
Епидемијата на тетоважите завладеа во Русија отприлика пред 12 години. Се појавија три големи салони. Обуката трае само две недели. Диплома за мајстор по тетоважа им даваа на сите, а кутијката со „машинката“ и со другата опрема за правење тетоважа можеше да се набави на секој чекор. Постепено почнаа да се отвораат сè повеќе „домашни“ салони кои станаа многу популарни. „Ги отстранувам последиците од тоа време“, му вели пронаоѓачот Авременко на новинарот на „Московски комсомолец“.
Дваесет од сто луѓе сакаат да се ослободат од грешките на минатото. Понекогаш луѓето се срамат да ја покажат тетоважата, па дома се обидуваат да го отстранат цртежот или натписот.
Процентот на луѓе кои со текот на годините сакаат да се ослободат од тетоважите е огромен. Дваесет од сто луѓе сакаат да се ослободат од грешките на минатото. Понекогаш луѓето се срамат да ја покажат тетоважата, па дома се обидуваат да го отстранат цртежот или натписот. Да кажеме, со помош на забарска машина. Или на делот на кој се наоѓа тетоважата ставаат калиум перманганат кој за неколку часа ја изгризува кожата, создавајќи рана. Потоа местото го мијат со вода и чекаат раната да зацели.
Стручњакот вели дека понекогаш кожата со тетоважата ја дупчат со истата машина за тетовирање на која ставаат раствор од млеко со сулфаниламид. Овој начин е измислен во затворите. Млекото навистина ја избледува тетоважата, но по два-три дена кожата на тоа место загнојува. Откако ќе започне процесот на гноење, по еден месец настапува зацелувањето на раната. „Домашниот сапун го користат за отстранување на тетоважите. Го топат и го накапуваат на делот од кожата на кој има тетоважа. Сапунот има повишена PH вредност. Поради тоа, освен обичните изгореници, за 2-3 дена настанува силна хемиска реакција. Потоа се струже изгорениот дел и се чека раната да зацели“, објаснува Авраменко. Тој појаснува дека цртежот не може да се отстрани ниту со ласер, туку дека тој може само да избледи.
“Еднаш работев со еден ласерски техничар во институтот. Направивме уред кој ја запира крвта за време на тешките повреди. Се обидов со помош на таа опрема да му ја отстранам тетоважата не еден мој пријател. Ми успеа! Методот е едноставен: на местото на тетоважата се прави дупче од 2-3 милиметри. Бојата со пигментот се претвора во чад и исчезнува. Потоа на раната се нанесува алкохол, а по половина година ви гарантирам нов слој кожа на истото место!“, го објаснува стручњакот својот метод. Најтешко е да се отстранат цртежите во облик на прстен кои се направени околу прстите. „Прстените обично ги прават во затворите. Потоа луѓето излегуваат на слобода и не можат со тој „товар на минатото“ да најдат работа. За отстранување на прстени наплаќаме 400 долари. Луѓето без размислување плаќаат, оти немаат друг избор“, вели Авраменко.
Ласерскиот стручњак вели дека мора да слуша многу приказни за неуспешни тетоважи. Дури сака и да напише книга за тоа. „Девојките ги отстрануваат малите ружи од градите, шарите од грбот, цветчињата, пеперугите на рамената. Младите ги „горат“ старомодните волци и тигри. Често доаѓаат млади парови кои го ставиле името на својот партнер на дланката“, објаснува мајсторот.
Константин Авраменко
Тој вели дека кај него дошол и негов поранешен другар од војска со комплицирана тетоважа: авиони, крила, падобран и смртта со коса во рацете. „Ме молеше да му ја избришам таа слика без разлика на сумата. Имено, беше уверен дека таа тетоважа му носи несреќа и неуспех во животот. Често доаѓаат клиенти со тетоважи „666“. Еднаш едни родители ме молеа да му ја отстранам на нивниот 15-годишен син тетоважата „ Live quickly – die young“ додека момчето беше во кома.
Овој мајстор од телата на своите пациенти морал да симнува цртежи од пеперуги, делфини и пантери.
„Сите сакаат да ги отстранат делфините. Се смета дека оној што има ваква тетоважа е лузер. Освен тоа, во Русија постојат затвори во кои затворениците треба да одлежат доживотна казна. Тие затвори се нарекуваат „Делфин“. Истата работа се случува и со пеперугата, која е симбол на развратна жена. Овие работи се програмирани во човековата потсвест“, вели стручњакот. Тој, исто така, предупредува и на употребата на хиероглифите на телото. Имал случај кога наместо кинескиот симбол за благосостојба, стоел корејски кој означувал демон.
„Еднаш кај мене дојде еден дедо од 70 години и ме замоли: „отстранете го, ве молам, развратниот натпис на мојот полов орган“. Тоа ме зачуди: „Но, зошто? Па, никој не го гледа!“ Стариот човек се збуни, а потоа ми одговори: „Ние сме нудисти! Срам ми е пред внука ми да стојам на плажа...“, истакнува оптичарот.
Рускиот текст на сајтот на Mk.ru.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче