Мрежата на американското МВР заразена со вируси од руски порно сајтови

Global Look Press
Откако на работното место прегледал преку девет илјади порно сајтови службеник на американската Геолошка служба, инаку подредена на Министерството за внатрешни работи, ја заразил со вируси интерната компјутерска мрежа.

Повеќето сајтови биле руски, пренесува агенција ТАСС повикувајќи се на „Вашингтон Пост“ и извештајот на службата за надзор на споменатиот ресор.

Откако увиделе дека интерната мрежа е заразена со вируси, во Геолошката служба е спроведена истрага. Во текот на проверката, како што се наведува во извештајот, на службениот компјутер во пребарувачот на вработениот е пронајден „импресивен список на посети на сајтови за возрасни“. Тој, исто така, од еротските сајтови од тој компјутер симнувал снимки на својот мобилен телефон. Истите малициозни програми се пронајдени на сите уреди. По овој инцидент во ресорот е одлучено на црна листа да се стават сајтови забранети за користење во текот на работното време и да се засили контролата над користењето на интернетот на работното место и индивидуалните уреди.

Сторителот, чие име не се наведува, повеќе не работи во Геолошката служба на САД. Како што изјавија од ресорот, службеникот бил запознаен со забраната и правилата за однесување на работното место бидејќи лично потпишал соодветни документи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња