Мала „Лада Ока“ која се пробива по улиците на потопениот Адлер предизвика бура од воодушевување

Скриншот

Возачот на „Лада Ока“ кој имаше храброст во својот мал автомобил да помине по поплавената улица на градот Адлер стекна огромни симпатии на социјалните мрежи.

Групата i_love_sochi на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави видеоснимка на која се гледа како „Лада Ока“ се пробива низ река вода на поплавена улица во градот Адлер во Краснодарскиот крај на југот на Русија.

Очевидците на возачот кој ја совлада водата, од која повремено одвај се гледаше врвот на автомобилот, му упатуваа аплаузи и поздрави, не криејќи го воодушевувањето од неговата храброст и мајсторство.

„Под мостот на Мишутка, таму е многу длабоко. Убавец“, напиша olgura.

„Ока, вистинска амфибија. Е, тоа беше мастер-клас“, воодушевен е  agurasvet.

„Мерцедес уште на пола пат ќе цркнеше“, забележува vaneishen.

Меѓу коментаторите имаше и такви кои посакаа да набават ваква кола.

„Тоа е тоа, купувам „Ока“. Тоа е реклама, брз дискусија. Фала“, напиша vladimir_mihali4_breus.

„Лада Ока“ или ВАЗ-1111, кој се произведуваше од 1988 до 2008 година, важи за најмалиот произведен руски автомобил. Првите модели се произведуваа со двоцилиндричен мотор од 650 кубици, додека подоцна се премина на мотор од 750 кубици кој развиваше 40 коњски сили. Автомобилите „Лада Ока“ со мотор од 650 кубици ја носеа ознаката ВАЗ 1111, а возилата со посилен мотор ВАЗ 11113. Производството од фабриката ВАЗ подоцна беше пренесено во фабриката во гратчето Серпухов кај Москва. Овој мал градски автомобил го доби името по руската река Ока. Наследник на „Лада Ока“ е „Лада Калина“.

Во Краснодарскиот крај поради разорните поплави во деветнаесет населени места во Туапсенскиот и шест во Апшеронскиот округ се евакуирани вкупно 360 лица. Од администрацијата на Апшеронскиот округа соопштија дека загинале две лица, две се повредени, а едно лице се води како исчезнато. На интернет претходно беа објавени снимки на кои се гледа како реки вода по силните дождови на улиците на Туапсе носат сѐ пред себе. Возила, ладилници од малопродажни објекти, трошни згради. Водата го парализира сообраќајот и продира во куќите.

Кога Нева ќе се налути: Најголемата поплава во Санкт Петербург забележана на фотографии

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња