Поплава на рускиот Далечен Исток.
Сергеј Савостјанов/РГКако резултат на обилните дождови во Приморјето поплавен е градот Усуријск и шест околни села.
Во регионот е воведена вонредна состојба.
Дождот го поткопа мостот над реката Нежинка и делумно ја уништи пругата во близина на станицата Баневурово, што доведе до излетување на товарен воз од шините. Во некои реони на градот надојдената вода го парализираше сообраќајот.
Сепак, еден од жителите беше подготвен за хаосот - се движеше низ улиците на џет-ски, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче