Московјанин ја сонувал добитната комбинација на лото и на јаве освои над 120 илјади евра

Global Look Press

Еден жител на рускиот главен град доби на лото преку 9 милиони рубли, односно над 120 илјади евра благодарение на пророчкиот сон во кој му се укажале броевите кои потоа ги ставил на ливчето, пишува агенцијата РИА „Новости“ повикувајќи се на службата за односи со јавноста на лотаријата „Столото“.

Тридесетидеветгодишниот Илја Матвеев од Москва ја сонил добивката на лото. Добитната комбинациј, броевите 8 и 33, добро ги запомнал. И токму благодарение на нив освои 9237768 рубли на 9260 извлекување на лотаријата „Гослото 5 од 36“.

Како што изјави Матвеев, тој цела година играл разни игри на среќа, ставајќи ги на ливчињата броевите што ги сонувал и на кои им ги додавал датумите на раѓање на своите најблиски.

„Се случуваше да добијам помали парични износи. Меѓутоа, во последно време нешто како да немав среќа. Решив последен пат да ги пишам тие броеви и да заборавам на ливчињата. Воопшто не очекував дека ќе ја освојам наградата“, вели среќниот добитник.

Иља инаку се занимава со продажба на разладни уреди за фирми. Тој веќе се договори со сопругата како да ги потрошат парите. Матвееви решија да купат автомобил и да го реновираат станот, а потоа со четиригодишната ќерка Тања да тргнат на патување по Русија, велат од прес-службата на „Столото“.

Прочитајте повеќе: Русин освои рекордна добивка на лотарија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња