Русин освои 500 илјади долари на лотарија

Reuters
Сепак, сè уште не се појавил за да ја добие својата награда.

Жител на рускиот град Уфа (1300 километри источно од Москва) освои 26 милиони рубли (500000 долари) на државна лотарија. Неименуваниот човек потроши 480 рубли (9 долари) за неговиот победнички билет и стана милионер преку ноќ.

„(Добитните) броеви се паднаа во многу тесен опсег, но нашиот победник не само што ги погодил петте броеви и ја освои наградата туку, исто така, доби уште четири награди за двата дополнителни броја што ги погодил“, се вели во соопштението (на руски) на веб-страницата на државната лотарија.

Среќниот добитник треба само да се појави во канцелариите на компанијата за да ја добие својата награда. Што чека?

Понекогаш победниците на лотарија ја пропуштаат својата шанса да ги земат парите. Во ноември 2017 година, една пензионерка од Воронешката област не успеа да ја подигне својата супер награда од 506 милиони рубли (9 милиони долари), бидејќи едноставно не сфатила дека го има добитниот тикет. Тоа беше рекордна добивка на лотарија во Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња