На воените вежби „Индра 2018“, кои ќе се одржат следниот месец на полигонот „Бабина“ во индиската држава Утар Прадеш, ќе учествуваат вкупно 1500 војници од Русија и Индија, соопшти службата за односи со јавноста на Источниот воен округ.
На големите руско-индиски маневри од Источниот воен округ ќе бидат испратени тенковски и извидувачки единици, како и единици на механизираната пешадија. Како што се прецизира од штабот, војниците ќе користат свое стрелечко оружје, муниција, средства за симулација, врски и оптичка опрема, но не и техника. Борбената техника за реализација на практичните дејствија на припадниците на руската војска ќе ја обезбеди индиската страна, се вели во соопштението и се додава дека на вежбите „Индра 2018“ од 18 до 28 ноември ќе учествуваат вкупно 1500 војници од двете земји.
На маневрите ќе биде увежбувано заедничко планирање на мировни операции, интеракција на единиците на копнената војска на двете земји на полигоните, како и тактички дејствија во неутрализација на условни паравоени формации, а ќе бидат организирани и заеднички предавања, спортски манифестации, вежбовни гаѓања и демонстрирано вооружување и борбена техника.
Руско-индиските антитерористички воени вежби „Индра“ се одржуваат од 2003 година. Маневрите минатата година се одржаа на полигоните на рускиот Приморски крај и на морските полигони на Тихоокеанската флота во интервидовски формат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче