Мекгрегор му префрли на Хабиб дека не го почитува својот претседател Путин

Конор Мекгрегор

Конор Мекгрегор

Joel Marklund/imago sportfotodienst/Global Look Press

Синоќа во Њујорк ирскиот борец во ММА Конор Мекгрегор и Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов одржаа спектакуларна конференција за медиумите, а истовремено тоа беше и првото соочување пред борбата за светската титула во лесна категорија, закажана за 6 октомври во Лас Вегас.

Нурмагомедов вети дека ќе го згмечи Ирецот во октагонот и додаде дека Мекгрегор се бори само заради пари. Мекгрегор по обичај многу го навредуваше противникот, зборуваше дека Хабиб е кукавица, стаорец, лажго, но и го понуди со своето виски кое според договорот со UFC може да го рекламира на сите борби.

Хабиб го одби вискито, велејќи дека никогаш не пие. „Зошто не пиеш“, не разбра Мекгрегор и им порача на сите дека неговото виски го освојува светскиот пазар.

На прашањето на еден новинар како ја доживеа средбата на Конор со претседателот Путин во текот на Мундијалот во Русија, Хабиб одговори дека таа тема не го интересира и дека тој самиот не би се фотографирал со никого и дека не е важно дали е тоа претседателот.

Мекгрегор едвај дочека да го слушне тоа, па скокнувајќи од столчето, почна да вреска: „Ти не го почитуваш својот претседател Владимир Путин?! Што сакаше да кажеш?! Објасни!“

Хабиб не можеше да дојде до збор и така се заврши без објаснување.

Се очекува дека дуелот на 6 октомври ќе ги сруши сите рекорди на

UFC во износот на заработени пари од ТВ-преносот.

Прочитајте повеќе за гладијаторите на 21 век: Најопасните руски ММА борци во акција

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња