Нетипични руски фотомодели кои не се грижат за стереотипите

khrystyana, kiker_chan/Instagram
Сите се убави на свој начин и нема ништо лошо во тоа да си поинаков. Овие руски манекени тоа најдобро го знаат.

Британката Тес Холидех беше првата „плус сајз“, односно полничка манекенка на насловната страница на „Космополитен“. Ејми Дијана, манекенка со аберација на пигментацијата на кожата, витилиго, неодамна стана заштитно лице на козметиката „кавергрл“. Сите овие се одлични примери дека не мора да се биде совршен за да се биде успешен во модната индустрија.

Еве ги и најпознатите руски манекени и манекенки кои ги уриваат сите стереотипи и кои ги инспирираат луѓето да го прифатат и да го сакаат својот изглед.

1. Кристијана Казакова

Високата блондинка од Сибир се прослави со учеството во шоу-програмата „Следниот топ-модел на Америка“. Не го освои првото место, но ја освои публиката. Заедно со Екатерина Жаркова и Диљара Ларина, полничката Кристијана е нова ѕвезда на движењето боди позитив.

Пред телевизиското шоу повеќепати се обидувала да ослаби, но сепак не ги задоволувала потребите на модната индустрија. Потоа решила да ги игнорира сите очекувања и станала успешен „плус сајз“ модел.

Кристијана живее во Њујорк и ја менува претставата за манекенките. Има одено по модна писта во долна облека „Викторијас сикрет“, а потоа со уште 20 полнички колешки прошета во долна облека по Тајм сквер.

2. Всеволод Черепанов

Всеволод, кој е познат и како Север, е еден од најуспешните манекени на руската модна агенција „Лумпен“ која работи само со луѓе со необичен изглед за модната писта. Го ангажираат модни куќи како што се Lanvin, Comme des Garçons, Moncler, и Гоша Рубчински. На 20 години дебитирал на насловните страници на Vogue Italia и Numéro Russia. Сега го промовира својот бренд и влезе во групата 100 нови личности од светот на модата на кои им е дојдено времето.

3. Татјана Некљудова

Веројатно не мислите дека модната индустрија е резервирана само за младите? Ве запознаваме со Татјана Некљудова од Санкт Петербург. Татјана долго време била инженер, а потоа се пензионирала и сега работи со модната агенција „Олдушка“ каде средната возраст на манекените е 60 години. Сѐ започнало така што на улица ја забележал професионален фотограф и ѝ понудил да настапи како статист во филмот „Матилда“. Татјана прифатила, а потоа нејзините фотографии дошле до модната агенција. Во 61 година од животот Татјана рекламира долна облека, сега е лице на коземтиката Faberlic, Oriflame и Urban Decay и излегува на модите писти на различни руски брендови.

4. Анастасија Оленич

Анастасија има аберација на пигментацијата на кожата од 20 година. Таа тврди дека болеста е предизвикана од конкретна стресна ситуација: шефот на работа викал на неа пред сите. Настја на почетокот мислела дека тоа е само алергија и се обидувала да ги скрие дамките со козметика. Порано или подоцна сепак морала да ја прифати реалноста и тоа го направила на вистински начин: станала манекенка. На Инстаграм објавува и фотографии од други луѓе кои имаат витилиго. „Витилиго не е лепра, ами е особина“, посетува таа.

5. Анастасија Жидкова

View this post on Instagram

Bangkok

A post shared by KIMI • 喜美 (@kiker_chan) on

Албино-девојката почнала да се слика за модни списанија уште како студентка по право во Москва. Во детството била мошне срамежлива поради својот изглед, ги боела косата и веѓите. Но, потоа ги победила своите комплекси и станала мошне барана во модната индустрија. Моментално работи во Јапонија за агенцијата Zucca Models. „Така искрата во мене брзо се претвори во пламен што никој и ништо не можеше да го изгасне“, вели таа.

Запознајте исто така 5 руски фитнес-кралици. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња