Руската лизгачка Ана Шчербакова, ученичка на познатиот тренер Етери Тутбериѕе, на јуниорското Гран при во Братислава беше најдобра во кратката програма и притоа постави светски рекорд, пренесуваат медиумите.
Четиринаесетгодишната Шчербакова за настапот освои 73,18 поени. Јужнокорејската лизгачка Лим Им Су го држеше претходни рекорд помалку од месец дена.
Треба да се каже дека Меѓународната лизгачка федерација објави на 17 август дека ги поништува сите рекорди во уметничко лизгање до тој датум. Ваквата одлука по која бројни рекорди (меѓу кои се и оние на руските лизгачки Алина Загитова, Евгенија Медведева или парот Татјана Волосожар и Максим Трањков) се архивирани, беше донесена во врска со новиот систем на оценување воведен во сезоната 2018/2019. Според заслужниот тренер на Русија Алексеј Мишин, ваквата одлука никого не треба да навреди, бидејќи е направена револуционерна реформа во оценувањето, па според тоа претходните рекорди никако не можат да се споредуваат со идните и дека рекордите на руските спортисти се историски.
Од сезоната 2018/2019 елементите во уметничко лизгање ќе се оценуваат во распон од -5 до +5 поена, а не од -3 до +3, како што беше претходно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче