Хидроглисерот „Комета 120М“ ја реализираше првата редовна пловидба на кружната линија Севастопол-Јалта-Севастопол според возниот ред, пренесуваат локалните медиуми наведувајќи дека сите места биле пополнети.
Како што пренесува „Кримининформ“, од пристаништето во Севастопол изјавија дека сите карти за возење со брзиот патнички брод со подводни крила кој двапати дневно кружи на линијата Севастопол-Јалта-Севастопол се распродадени сѐ до 4 август.
Капацитетот на хидроглисерот е 120 места.
Руски премиер Дмитриј Медведев на 30 јули свечено го стартуваше брзиот морски брод со подводни крила „Комета 120М“ кој превезува патници на линијата Јалта – Севастопол.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче