Кавкаскиот регион е познат по тоа што таму живеат многу луѓе кои ја доживуваат стотата година и повеќе. Еден од најпознатите претставници на оваа група е Магомед Лабазанов, жител на Дагестан кој почина во 2012 година кога имаше 122 години.
Магомед Лабазанов, роден на 1 мај 1890
Валериј Мељников/SputnikДодека просечниот животен век на луѓето од руска националност изнесува 72 години, во кавкаските републики (Ингушетија, Дагестан, Карбадино-Балкарија итн.) просекот е значително повисок. Луѓето во Ингушетија, на пример, лесно достигнуваат 80 години според официјалната статистика од 2017 година. Затоа мислиме дека вреди да дознаеме нешто за нивните тајни на долговечноста: како подолго да се остане активен и позитивен.
Ова е нашата листа на препорачани продукти за подолг, поздрав и посреќен живот.
Луѓето во овој регион со векови одгледуваат крави и кози, така што млекото и ферментираните млечни производи се дел од секојдневната исхрана.
Тие пијат свежо млеко, варено и кисело млеко. Додаваат мед и така добиваат вкусен напиток, но нивна главна тајна се производите од ферментирано млеко кои ги прават со помош на посебни ферменти: ајран, мацони и нарине.
Се претпоставува дека овие прозводи помагаат во органите за варење да се одржи здрава микрофлора и се намалува ризикот од рак.
Луѓето во кавкаскиот регион не прават многу видови сирење како Французите, но се гордеат со нив. Најпознат е солениот сулугуни.
Сирењата од кисело млеко можат да се мешаат со аџика (традиционален сос од мешавина зачини, нане или коријандер)ч.
Што е толку посебно кај сирењата кои се прават таму? Тие имаат само 20-30 проценти маснотии и се лесни за варење.
Главното секојдневно јадење е густа каша од пченка – мамалига, која се прави од пченкарно брашно и вообичаена е како леб. Масло или сирење од кисело млеко исто така можат да се додадат на мамалигата.
Од пченка се прават и десерти за возрасни и за деца, но и чурек што претставува пченка со мед или со сирење и ораси.
Пченката има ниско ниво на есенцијални аминокислеини триптофан. Според некои истражувања, исхраната во која има малки триптофан го продложува животот, иако во раната возраст може да ја зголеми смртноста.
Луѓето во кавкаскиот регион јадат овчко, јагнешко и говедско. Хинкали е едно од познатите јадења за празниците. Тоа е тесто полнето со јагнешко и говедско месо. Други традиционални јадења се шечео пилешко и пилешко на ражен, варено пилешко со аџика (сос од мешавина зачини), вариво од живинско месо во сос од ореви со зачински билки.
Луѓето од Кавказ јадат многу зеленчук, прават јадења од грав, келераба, цвекло и зелка. Салатите често се зачинуваат со аџика, ореви и зачински билки (коријандер, копар или магдонос).
Аџиката е сос од зачини кои често се послужуваат на трпезата, а содржи лута пиперка, лук, сол и зачински билки. Зачинетата храна го регулира крвниот притисок и ја подобрува циркулацијата.
Во овој регион межете да видите многу дрвја со јатки, така што не е никакво чудо што нивните плодови се користат обилно во локалната кујна. Се додаваат на салати, јадења со меса, сосови, печива и млечни производи. Исто така се користи и маслото од ореви. Оревите содржат седум пати повеќе калории од говедското месо и содржат протеини, шеќери и амино киселини кои се важни за здравјето.
Многу туристи од Кавказ купуваат чурчхела. Овој десерт се прави од ореви, брашно и грозје или со сок од калинка. Кавкасците исто така со задоволство јадат мед, баклава, алва и слатко овошје.
Црно вино се прави во многу кавкаски семејства, а некои се шегуваат дека три чаши црно вино е суштински дел од секојдневието за долг живот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче