Веќе цела недела американските медиуми, политичари и корисници на социјалните мрежи се обидуваат да ја решат загатката на фудбалската топка која Путин му ја подари на Трамп на средбата во Финска, поточно да одговорат на прашањето дали има уред за прислушување или не.
Можеби тоа за Американците и не е од големо значење, меѓутоа ветеран на руската тајна служба вели дека во наше време за прислушување се користат далеку понапредни технологии од топка за шутирање, дотолку повеќе што е малку веројатно дека топка која не е ни направена во Русија ќе има руски чип.
Републиканскиот сенатор Линдзи Греампретходно изјави дека топката која Путин му ја подари на Трамп треба да се провери, односно да се утврди дали има прислушни уреди. Покрај тоа, на американскиот претседател не треба да му се дозволи да го внесе подарокот во Белата куќа, смета сенаторот.
Веќе се покажа дека во подарокот на Путин, односно во официјалната фудбалска топка на Мундијалот Adidas Telstar која чини 165 долари навистина се наоѓа чип кој може да се поврзе со мобилен телефон и така да се добие ексклузивна содржина од рекламна природа, за што постои информација на сајтот на „Адидас“.
Во меѓувреме Блумберг претпостави дека Русите можеле да го заменат оригиналниот чип со вистинска шпионска опрема или да направат имитација на топката на „Адидас“, а сајтот Digg.com смета дека топката може да послужи за сајбер напад.
Единствено француските медиуми се однесуваа адекватно во овој случај. „Ле Паризиен“ напиша дека топката не е (ништо друго освен) „симбол на нова одлична спогодба“, а „Ле Поинт“ дека тоа е „топка на пријателство“. Сепак Французите се разбираат од фудбал.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче