Противниците на Трамп пронајдоа „шпионски чип“ во подарокот на Путин?

Lehtikuva/Antti Aimo-Koivisto/Global Look Press

Опонентите на претседателот на САД Доналд Трамп не престануваат да се занимаваат со „шпионскиот чип“ кој наводно се наоѓа во фудбалската топка која американскиот лидер ја доби од шефот на руската држава Владимир Путин.

Се покажа дека во подарокот на Путин, односно официјалната фудбалска топка на Мундијалот Adidas Telstar од 165 долари навистина се наоѓа чип кој може да се поврзе со мобилен телефон и таа да добие ексклузивна содржина од рекламен карактер, за што постои информација на сајтот на „Адидас“, пренесуваат медиумите.

Производителот тврди дека чипот не може да биде хакиран ниту адаптиран за прислушкување.

Притоа не е познато дали примерокот на топката што ја доби Трамп доби има чип.

Од Белата куќа изјавија дека тие повеќе нема да се занимаваат со разгледување на прашањата за безбедност во врска со фудбалската топка, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на агенцијата „Блумберг“.

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам рече дека топката која Путин му ја подари на Трамп треба да се провери, односно да се утврди дали има уреди за прислушување. Покрај тоа, на американскиот претседател не треба да му се дозволи да го внесе подарокот во Белата куќа, смета тој.

Мислењето на сенаторот го делат многу американски медиуми, политичари и јавноста.

Службата за обезбедување на Трамп веќе ја провери топката што, инаку, спаѓа во редовната процедура која важи за сите подароци.

Прочитајте повеќе: Дали ќе ја уништат таа фудбалска топка? И што всушност се случува со претседателските подароци?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња