Капетанот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо постигна извонреден рекорд на ова Светско првенство. Во една ситуација на натпреварот против Шпанија, Роналдо постигна неверојатна брзина од 38.6 километри на час.
Тоа е нов рекорд во брзина во светот на фудбалот, па дури е близу до светскиот рекорд во трчање кој во 2009 година го постави спринтерот од Јамајка Усеин Болт – тој постигна брзина од 44.7 километри на час.
Легендарниот бразилски фудбалер Неимат стана Интернет-меме поради честото и долготрајно валкање по теренот со израз на неверојатна болка, и тоа по речиси секој дуел.
На Светското фудбалско првенство 2018 во Русија Неимар на тревата помина 14 минути и 50 секунди валкајќи се од болка, вистинска или замислена, соопштува спортскиот портал RTS.
Неговото валкање по тревата веднаш стана сензација на Интернет, по што овој врвен фудбалер стана препознатливо Интернет-меме.
На Мундијалот 2018 година во Русија поставен е и еден мошне необичен рекорд: фудбалерите од различни репрезентации дадоа вкупно 12 автогола. Инаку автоголовите се ретка појава, а на Светското фудбалско првенство никогаш ги немало толку многу. Претходниот рекорд е поставен на Мундијалот во 1998 година во Франција кога се постигнати „само“ 6 автогола.
Хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ во оваа смисла постави и свој личен рекорд – тој ја затресе сопствената мрежа во финалето на светското првенство, нешто кое никогаш претходно се нема случено.
Често полувремето траеше подолго одошто очекуваа навивачите и играчите на Мундијалот 2018 во Русија. Девет пати во продолженото време, по 90 минута, постигнат е победоносен погодок. Овој уникатен рекорд придонесе светското првенство да биде непредвидливо и атрактивно.
Ова е најбрз жолт картон во историјата на Мундијалот. Штoм арбитарот го означи почетокот на натпреварот помеѓу Мексико и Шведска, веднаш, по 15 секунди го прекина натпреварот и додели жолт картон.
Единствениот фудбалер во историјата на светските првенства кој толку рано „пожолте“ е Мексиканецот Хесус Гаљардо. Претходно овој рекорд го држеше италијанскиот играч Џанпјеро Марини кој во 1982 година против Полска заработи жолт картон во 51 секунда од мечот.
Египетскиот голман Есам ел Хадари е досега најстариот играч на Светското фудбалско првенство. Кога излезе на терен имаше 45 години и 161 ден. Претходниот рекорд по староста е на колумбискиот фудбалер Фарид Мондрагон кој на Мундијал играше на свои 43 години.
Изведени се вкупно 24 единаесетерци. До ова придонесе воведувањето на системот ВАР со кој се сведува на минимум број неказнети прекршоци во казнениот простор.
Претходниот рекорд во пенали на Светско првенство е поставен во 1990, а потоа е повторен во 1998 и во 2002 година кога се досудени 18 единаесетерци.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче