Во разговорот за водечкото руско спортско гласило „Спорт Експрес“ фудбалерот Јури Жирков раскажа како офанзивниот играч Фјодор Смолов им се извинил на своите соиграчи во репрезентацијата поради поразот во натпреварот против Хрватска.
По натпреварот Смолов, кој долго време нема дадено гол, немо седел на средината на теренот. Потоа во соблекувалната ги нашол „потребните зборови“, пренесува Жирков.
„Федја рече дека тој благодарение на тимот дошол до четвртфиналето на турнирот, а репрезентацијата поради него не се пласираше во полуфиналето. Сите ние, без исклучок, го поддржавме, тоа може секому да му се случи. Не губи поединечно играчот, туку тимот“, рече дефанзивецот на руската репрезентација.
Жирков потврди дека на расположението на играчите влијаел првиот промашен пенал кој против Хрватите го шутираше токму Смолов. Тој исто така го окарактеризира изведувањето на серијата пенали како „лотарија“. Инаку, тој го пофали Смолов за храброста прв да излезе на белата точка во мечевите и против Шпанците и против Хрватите.
По дуелот со Хрватска Смолов беше подложен на големото незадоволство на навивачите и вистинска хајка на социјалните мрежи. Во текот на средбата со навивачите во московската фан-зона на Воробјови гори рускиот репрезентативец рече дека и тој би се чувствувал исто доколку беше навивач.
Руските фудбалери претходно се извинуваа по неуспешните натпревари. Така, по претрпениот пораз од Велс и испаѓањето од Европското првенство 2016 година неколкумина играчи му пријдоа на тренерот Леонид Слуцки велејќи „Ние сме г...а.“ Слуцки го окарактеризира тоа како фактичка состојба која „треба да се прифати, зашто е неопходно за почнување на лекувањето, како кај алкохоличарите“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче