Валкај се како Нејмар: Ѕвездата на Бразил го насмеа целиот свет

Reuters

За Светското првенство во фудбал кое се одржува во Русија велат дека е непредвидливо и веројатно најинтересното досега: фаворитите испаѓаат, а тимовите од кои никој ништо не очекуваше покажуваат импресивни резултатите. Навивачите прават добро расположение со необичните постапки, а играчите со смешните ситуации. Оваа енергична и весела атмосфера на шампионатот во Русија изгледа дека го инспирираше и играчот на бразилската репрезентација Нејмар, кој на теренот го покажа својот талент на драмски актер.

Бразилската суперѕвезда одигра една од главните улоги на натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против Мексико. Но притоа еден од најкоментираните моменти воопшто не беше победничкиот гол на Нејмар, туку епизодата кога тој претерано орно и театрално го прикажа своето страдање по контактот со Мигел Лајун.

Интернетот и социјалните мрежи најпрвин почнаа дискусија за ситуацијата која се случи во 72 минута од натпреварот и, како што често се случува, луѓето се поделија во два табора со спротивно мислење.

Едни тврдеа дека Мексиканецот направи тежок фаул и дека намерно го провоцирал Нејмар, а други дека Бразилецот е одамна познат по својата „актерска умешност“ и дека, дури и да имало прекршок, станал жртва на својата репутација.

Некои експерти сметаат дека Нејмар не може да се обвинува дека симулира. Противниците всушност упорно настојуваат да го удираат Бразилецот по десната нога и токму на тој начин стварно му предизвикуваат болка.

Но, потоа оваа дискусија стивна, а настанот доби хумористична интерпретација.

Корисниците на интернетот најпрвин почнаа да прават разни забавни варијации на тема Нејмар како се валка по теренот.

„Изгледа мошне слично”

Некој се сетил и на неодамнешната епизода од финалето на хокеарскиот Стенли куп, кога Александар Овечкин доби пак во лице.

Не можеше а да не се спомене ни хокеарскиот тим „Северстаљ”. Во рускиот град Череповец исто така знаат да работат во фотошоп.

Потоа корисниците на интернетот пронајдоа голем број следбеници на Нејмар во животинскиот свет, меѓу кои особено се истакнаа крава, панда, мачка, пес, па дури и глушец.

„Не можам да престанам да се смеам”

„Најдобрите моменти на играта на Нејмар против Мексико“

„И глушецот го копираше Нејмар”

Освен тоа, навивачите од цел свет го лансираа хаштагот #NeymarChallenge и се фрлија на покажување на своите актерски способности.

„Нејмар се најде во центарот на вниманието, но еве го и #NeymarChallenge од @Mack_Thabiso. Мило ни е што брзо заздрави и што дава сѐ од себе”

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња