Лаура де Санктис, „Мис Панама 2017“, која таа година учествуваше во изборот за „Мис универзум“, пристигна во Русија за на Светското првенство да ја поддржи фудбалската репрезентација на својата земја. Еве од што панамската убавица беше изненадена на стартот:
„За пат во Русија секогаш си подготвуваше топла облека, затоа што по навика си мислиш дека е многу студено“, изјави таа за телевизиската станица РТ. Меѓутоа, како што забележа изненадената Санктис, „во Русија е толку жешко што посакуваш да се намачкаш со крем и да се сончаш. Просто неверојатно, потопло е отколку во Панама. А во Панама е многу топло“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче